Ќе трошам по два милиона долари неделно за тв-реклами

0
429

Американскиот претендент за републикански претседателски кандидат на изборите во 2016 година, Доналд Трамп најави дека има намера да троши по најмалку два милиона долари неделно за предизборни телевизиски реклами.

– Ќе трошам минимум по два милиона долари неделно или можеби и повеќе, изјави Трамп кој досега не трошеше пари за рекламни спотови.

Рекламните спотови ќе бидат за Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина.

– Ќе потрошам многу пари против оние кои ќе ме напаѓаат, навести Трамп. Анкетите покажуваат дека во овој момент Трамп има најголема поддршка за кандидат на Републиканската партија.

Без коментари

LEAVE A REPLY