Кембриџ се воведува од 4 до 6 одделение

0
1108

Наставниците по математика, природни науки и географија се обучуваат како да предаваат по Кембриџ. Од новата учебна година оваа програма се воведува и во 4, 5 и 6-то одделение.

-Низ Македонија течат обуките за наставната програма по Кембриџ кои оваа учебна година се воведуваат од 4 до 6 одделение. Една тура заврши во јуни, а сега обуките привршуваат. До почетокот на годината ќе бидат обучени сите наставници по природни науки, математика и географија од 4до 6 одделение, изјави Весна Хорватовиќ, директор на Биро за развој на образованието.horvatovik

Менувањето во образованието значи и унапредување на образованието, вели Хорватовиќ.

-Не можеме да бидеме статични како што било образованието пред 20 години. Наставниците ги прифатија промените, рече Хорватовиќ.

Инаку програмата кембриџ во образовниот систем во Македонија за прв пат се воведе од минатата учебна година и тоа само во 1,2 и 3-то одделение.