Керем Ѓорсев го отвори Фестивалот на музика од светот

0
669

Со концертот на џез-пијанистот Керем Горсев од Турција, во придружба на камерниот оркестар од Битола, а под диригентската палка на Сашо Татарчевски, беше отворено 7-то издание на фестивалот на музика од светот.

Со него настапија Каган Јилдиз – контрабас и Ферит Одман – тапани.

Со богато портфолио од 15-тина албуми со авторска музика, позади себе, тој дел од нив, презентираше пред битолчани.

Неговите концертни настапи се одвиваат и со големи симфониски оркестри низ целиот свет.

Албумот „Therapy“ го снимил со Лондонскиот филхармониски оркестар, со Филхармонискиот оркестар на Прага ја снимил својата посвета на омилениот Бил Еванс во 2013 година, а минатата година со својот квартет, во кој учествуваат и двојниот добитник на наградата Греми – американскиот саксофонист Ерни Вотс, како и Каган Јилдиз на бас и Ферит Одман, го снима Емиргам.

Интересно е што овој албум е снимен за само 4 часови.

Најновиот албум -4 денови -излегува наскоро.

Ѓорсев во Битола настапи по само неколку денови од снимањето со филхармонијата во Лос Анџелес.

Денес со неговиот концерт, се отвара 16-тото издание на „Есенските музички свечености“во Скопје.

Без коментари

LEAVE A REPLY