Кери и Лавров договорија соработка, ново примирје во Сирија и помош за Алепо

0
340

Русија и САД договорија нов план за примирје во Сирија кој вклучува забрана за воздушни напади од страна на владините сили во одредени области и соработка во нападите врз џихадистите, соопшти рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров по маратонските преговори во Женева со американскиот колега Џон Кери.

На прес-конференцијата по 13-часовните разговори, Кери кажа дека двете страни се договориле за сеопфатен пристап кон помирувањето во Сирија. Тој ги повика „сите завојувани страни во Сирија да го поддржат планот на САД и Русија, за да се стави крај на катастрофалниот конфликт најбрзо што може преку политички процес“.

Според американскиот државен секретар, планот ќе овозможи силите на сириската влада да не спроведуваат борбени операции во областите под контрола на таканаречената умерена опозиција.