Кери пред Конгресот за договорот со Иран

0
296

Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди членовите на Конгресот дека оддалечувањето од договорот за нуклеарната програма на Иран ќе му даде на Техеран зелено светло да се врати на својата нуклеарна програма. Алтернатива на овој договор што ние го постигнавме не е подобар договор, рече Кери. Сведочејќи јавно пред Комисијата за надворешни работи тој рече дека договорот со Иран не е со намера да се реформира тврдокорниот режим во земјата, туку да се спречи создавање на атомска бомба. Придружуван од секретарот за финансии Џек Лу и секретарот за енергетика Ернест Мониз, Кери го бранеше нуклеарниот договор со Иран во својот втор настап пред Конгресот за една недела. Конгресот има рок до 17 септември да го провери договорот.