Кери во посета на Балканот, ќе ја прескокни Македонија

0
331
U.S. Secretary of State John Kerry speaks during a joint news conference in Cairo June 22, 2014. Kerry said on Sunday the United States wanted Iraqis to find an inclusive leadership to contain a sweeping Islamist insurgency but Washington would not pick or choose who rules in Baghdad. Kerry was speaking at the start of a Middle East tour after talks in Cairo with Egypt's new President Abdel Fattah al-Sisi which covered Western concerns over Egypt's crackdown on the Muslim Brotherhood and the fallout of the crisis in Iraq. REUTERS/Brendan Smialowski/Pool (EGYPT - Tags: POLITICS)

Американскиот државен секретар Џон Кери наредната недела ќе престојува во Европа и во тие рамки ќе ги посети и земјите на вертикалата од Србија до Кипар, со исклучок на Македонија. Како што известија од Стејт департментот, Кери на 30 ноември ќе му се приклучи на претседателот Барак Обама на Самитот за климатски промени во Париз, а следниот ден во Брисел ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО. Од Брисел, Кери ќе отпатува за Приштина, каде ќе разговара со тамошните официјални претставници за безбедносни и политички прашања, а потоа ќе допатува во Белград, каде на 3 декември ќе учествува на состанокот на министрите на ОБСЕ, кој ќе биде финале на разговорите околу тероризмот, сириската криза, кризата со мигрантите по балканската рута и политичката дестабилизација. Истиот ден Кери ќе ја посети и Никозија каде ќе има билатерални состаноци, но и средба со лидерите на кипарските Турци и Грци со цел да ги охрабри да ги продолжат приговорите. За 4 декември е договорена негова посета на Атина, која се планира и најавува одамна, и на која ќе ги отвори билатералните прашања, вклучувајќи ја миграциската криза и економските теми. Се очекува на оваа среба да стане збор и за спорот околу името со Македонија, по информациите во грчките медиуми дека Кери барал од официјална Атина да излезе со иновативни идеи како да се надмине овој проблем и да му ги презентираат додека е во Грција. Во грчките мемдиумски кругови се тврди дека премиерот Алексис Ципрас чувствуват потреба да им возврати на САД со таква иницијатива поради помошта да останат во еврозоната, пишува Утрински.