„Ки Сејфти Системс“ гради фабрика во Кичево

0
314

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“  стартуваше со изградба на фабрика во Технолошко индустриско развојната зона Кичево. На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за економија Беким Незири, кои ги објаснија придобивките од новата странска инвестиција во земјава. Инвеститорот од САД во наредните две години ќе вработи 1.000 лица во новата фабрика за производство на воздушни перничиња за познати автомобилски марки. Компанијата планира да вложи 20 милиони евра во новиот индустриски погон во ТИРЗ Кичево.

Без коментари

LEAVE A REPLY