Кичевец киднапирал и силувал прилепчанка

0
471

ПС Кичево поднесе кривична пријава против Р.Л. (55) од с. Колибари-кичевско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“. Од страна на Ј.О. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Истиотбил приведен откако вчера околу 18,00 часот, во ПС Кичево, против него била поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја лишил од слобода и била присилно чувана во неговата куќа во с. Колибари. Во тој период, според исказот на пријавителката била физички малтретирана и силувана. Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело. Од страна на полициските службеници од ПС Кичево по превземени мерки за пронаоѓање на осомничениот утрово околу 07,00 часот бил приведен од неговиот дом.