„Киднапираната“ ресенчанка се пријавила в полиција дека се вратила

0
1137

Во врска со грабнувањето на 18 годишна девојка од Ресен, како што пријавиле нејзините родители во полициската станица, денеска од полиција велат дека вчера на 23.08.2017 година во Полициската станица Ресен неповикано дошле Р.К. (18) и У.В. (20).
Р.К. била вратена на семејството а У. В, задржан во Полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривичното дело.

Претходно беше соопштено дека на 22.08.2017 година во ПС-Ресен, Е.К.(49) пријавил дека околу 07,30 часот од семејниот дом во Ресен била грабната неговата ќерка Р.К. (18). Истата била грабната од страна на У.В. (20) од с.Поум-струшко, кој заедно со неговиот татко и уште неколку лица кои се превезувале во патничко возило “Фолксваген Голф“ управувано од Џ.Ф. (20) од с.Биџево и патничко возило “Фолксваген Голф 3“, дошле во домот на Е.К. каде насилно ја зеле Р.К. и заминале во непознат правец. Во врска со настанот, во ПС-Ресен бил приведен Џ.Ф., кој изјавил дека не знае каде се наоѓаат горенаведените лица.

Без коментари