Ким порача дека ќе користи нуклеарно оружје само во самоодбрана

0
506

Младиот севернокорејски челник Ким Џонг-Ун изјави дека неговата земја нема да користи нуклеарно оружје доколку не е нападната, како и дека има волја да го нормализира односите со државите кои биле непријателски расположени кон неа, а зборуваше и за економскиот развој на земјата, известија во неделата тамошните медиуми.

„Како одговорна нуклеарна држава, нашата Република нема да користи нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет не го повредат напаѓачките непријателски сили со нуклеарно оружје“, порача Ким.

Изолираната комунистичка Северна Кореја и претходно испраќаше слични пораки, и исто често исто така често се закануваше со нуклеарни напади врз САД и Јужна Кореја и ги кршеше резолуциите на Обединетите нации.

Меѓутоа, во саботата американската веб страница којашто ги следи активностите во оваа земја, според сателитските снимки кои ги објави заклучи дека Северна Кореја најверојатно се подготвува за уште едно нуклеарно тестирање. Активности на возила се забележани во командниот центар на подземниот полигон за нуклеарни тестирања Панги-ри, се наведува во извештајот на разузнавачкиот веб ресурс 38 North.

„Се чини дека возила тука се гледаат само доколку се подготвува нуклеарно тестирање. Ниту луѓе, ниту возила се забележани на ова место од 2-ри мај. Од 5-ти мај таму се наоѓаат четири паркирани возила“, наведува 38 North.

Триесет итригодишниот Кум, исто така, го изложи петгодишниот план за зголемување на економски раст, истакнувајќи ја потребната од подобрување на снабдувањето со електрична енергија во земјата, објави службениот весник Rodong Sinmun.

Северна Кореја „ќе ги исполни своите обврски за неширење на нуклеарното вооружување и ќе тежи кон глобална денуклеаризација“, изјавил Ким во извештајот на првиот по 36 години инаку 7-от конгрес на владејачката Работничка партија на Кореја кој започна во петокот, објави државната новинска агенција KCNA.

„Работничката партија и владата ќе ги подобрат и нормализираат односите со оние земји коишто го почитуваат суверенитетот на Северна Кореја и кои се пријателски настроени кон неа, иако биле непријателски расположени во минатото“, истакнал Ким.

Севернокорејскиот челник повикал и на зголемување на извозот и создавање подобра клима за инвестиции во земјата.

„Неопходно е да го зголемиме извозот на готови производи, да се развие трговијата на технологијата и услугите“, рекол Ким според извештајот во весникот Rodong Sinmun.

Ким исто така, повикал „да се укинат махинациите со санкциите“ и да се постигне „квалитативен скок во економијата на земјата“, говорејќи за потребата да се замени увозот на суровини, гориво и опрема.

„Неопходно е да осигуриме инвестициска клима и услови погодни за специјалните економски зони“, се наведува уште во извештајот. Покрај тоа, Ким, повикал и на зајакнување на контролната улога на државата во економијата./крај/мф/сн