Кина ќе ги спречи САД први да ја нападнат Северна Кореја

0
303

Кина ќе ги спречи САД и Јужна Кореја да спроведат напади врз Северна Кореја и да се обидат да го соборат тамошното раководство, но ќе останат неутрални ако Пјонгјанг прв започне со ракети кон американските цели, објави државниот весник „Глобал тајмс“. Предупредувањето од Кина доаѓа по размената на “запалливи“ коментари кои САД и Северна Кореја продолжуваат да си ги разменуваат, зголемувајќи го ризикот од претерана реакција или грешка поради кризата.

Треба да е јасно дека “ако Северна Кореја прва лансира проектили кои ја загрозуваат американската почва и САД се одмаздат, Кина ќе остане неутрална”, пишува “Глобал тајмс”. Но, ако САД и нејзиниот сојузник Јужна Кореја го нападнат Пјонгјанг и се обидат да го соборат режимот на Северна Кореја и да го сменат политичкиот модел на Корејскиот Полуостров, Кина ќе ги спречи да го сторат тоа “, додава весникот.

makfax.com.mk