Кина утре во вселената испраќа двајца астронаути

0
278

Кина утре ќе ја лансира својата прва вселенска мисија со човечки екипаж, јавија денеска кинеските медиуми, што е еден од чекорите на официјален Пекинг кон воспоставување кинеска вселенска станица.

Астронаутите Џинг Хаипенг и Чен Донг утре ќе се наоѓаат во вселенскиот брод „Шенжу-11“ кога тој ќе биде лансиран од космодромот Џиукван, во пустината Гоби. Тие за два дена треба да стигнат во кинеската вселенска лабораторија „Тјангонг-2“и во неа да останат 30 дена, пред да се вратат на Земјата.
Џинг, 50-годишен астронаут кој веќе двапати престојувал во вселената, ќе биде командант на летот до лабораторијата, која беше лансирана претходниот месец.
Тој и Чен во текот на престојот во вселената ќе изведуваат истражувачки проекти во врска со поправка на опрема во вселената, воздухопловна медицина, вселенска физика и биологија, атомски часовници и истражување на соларните бури.