Кинематограферот Борис Пољак гостин во Битола

0
292

Фестивалската документарна програма, е составена од најзначајните филмови продуцирани и прикажани последниве две години, содржи режисерски концепти кои излегуваат од рамките на нашите досегашни претстави за тоа каде се границите на инволвираноста на филмскиот автор со протагонистот-ликот што го следи. Еден од филмовите во оваа програма е и хрватскиот филм Ракиџиски дневник .Во Битола на 36-тото издание на ИФФК. Браќа Манаки, гостин е кинематограферот на овој филм Борис Пољак.

Филмот ја следи нелегалната преработка на ракија која што ја
изведува Ерик Марија Стром -односно Марио Хабер тонски техничар и
посветен производител на ракија. Тој повеке од десеттина години ги има
снимано разговорите и различните звуци во својот дом за време на
ферментацијата на алкохолот.

Овој филм претставува реконструкција на аудио снимки, во слики кои што најдобро ги опишуваат. Истиот е добитник на неколку награди.

Марио Хабер трагично го загуби животот летото 2014 година. Ракиџискиот дневник е еден вид на посвета за оваа посебна личност, кој многу често како и во филмот останува невидлив, скоро како дух.