Кинескиот гигант Сунанг го купи Интер

0
859

Според пишувањето на италијанските медиуми кинеската инвестициска компанија Сунинг, која е сопственик на фудбалскиот клуб Џангсу, го купила контролниот пакет акции на калчолигашот Интер.

Компанијата Сунинг, од сопственикот Ерик Тохир, купила 70 % од акциите на Интер, а според медиумите инвестицијата тежи околу 500 милиони евра.

Тохир, кој пред три години го купи Интер во клубот ќе биде уште некое време, истото се очекува и од потпретседателот Хавиер Занети, додека почесниот претседател, кој има малцински дел од акциите на Интер, Масимо Морати, целосно ќе се повлече од клубот.