Кирацовски: ЕЛЕМ нема да се продава

0
786

– Не е тешко да се демантира ВМРО-ДПМНЕ. Кога своевремено во 2015 година излеговме со аудио снимките со наводите за криминал и корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие веднаш ја измислија лагата за жолтите комбиња и базните станици. Кога ние излеговме со концептот за едно општество за сите наши граѓани во Република Македонија тие излегоа со лагата за федерализација и кантонизација. Кога видоа пред месец дена дека катастрофално ќе ги загубат локалните избори, излегоа со лагата за бегалците и емигрантите за коишто никој незнае каде се, сите ги бараме. Сега кога се безидејни кога гледаат дека ќе ги загубат овие избори повторно излегуваат со лагата дека СДСМ ќе изврши продажба на толку сериозни капитални објекти на некој начин под доминантна сопственост на Република Македонија. Уште сега сакам да потенцирам, не само што ЕЛЕМ нема да се продаде и останатите капитални објекти, туку и ќе се инвестира во истите, за доброто на граѓаните и битолчани,изјави Александар Кирацовски генерален секретар на СДСМ

Без коментари