Кирацовски генерален секретар на СДСМ

0
712

Централниот одбор на СДСМ, синоќа ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес.

За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и остануваат потпретседатели Дамјан Мачневски и Фросина Ременски.

За нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски.

За членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, Централниот одбор ги избра Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски Петар Атанасов,Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џаферовски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во излагањето пред членовите на Централниот одбор истакна дека пред СДСМ како владејачка партија е уште поголемата одговорност уште попосветено и поодлучно да работи во интерес на граѓаните и на државните интереси.

 

Без коментари