Кирацовски со поддршка за Петровска

0
340

– Наташа Петровска како иден градоначалник на општина Битола ќе ја има комплетната поддршка и од владата, од централното раководство, како и од мнозинството во парламентот за сите витални,клучни проекти кои што имаат неопходност од тие политички инстанци. Сакам да потенцирам дека Битола нема да биде повеќе град кој што тони, нема да биди општина од која младите се иселуваат и општина во долгови и со институции во кои што долговите на некој начин гравитираа во изминатите 4 години. Во иднина во општина Битола ќе се гради плански, квалитетно, чесно и поштено. Ќе се гради домаќински. Буквално ќе ја изедначиме руралната средина со градските средини во поглед на инфрастурктурата. Битола ќе добие ревитализација на офицерски дом, а како еден од клучните проекти ќе биде гасификацијата на Битола која што ќе ја зголеми комоцијата на битолчани и ќе ги намали нивните сметки. Со помош на централната власт ќе обезбедиме чист воздух за дишење и чиста вода за пиење за сите наши сограѓани затоа што здравјето на битолчани за нас е најважно. Ќе обезбедиме соодветни услови за водење на бизнис во оваа општина. Наместо депласирани и неуспешни индустриски зони од Битола ќе направиме соодветна бизнис зона во која ќе бидат поддржани сите оние кои вработуваат повеќе и сите оние кои што даваат повисоки плати. Домашните инвеститори ќе ги изедначиме со странските инвеститори во поглед на поддршката. Општината ќе биди отворена за сите наши сограѓани. Ќе работи само чесно и домаќински. Драги битолчани, на 15-ти Октомври треба да го заокружиме она што го започнавме во Декември минатата година, изјави Александар Кирацовски генерален секретар на СДСМ

Без коментари