Кире Митревски потпиша, наскоро доаѓа искусен кружен напаѓач

0
437

Пелистер секојдневно се екипира и го засилува играчкиот кадар за сезоната 2015/16. Координаторот на новиот управен одбор, Стевче Стефановски веќе договори двајца новајлии. По потписот на двегодишен договор со србинот Арсиќ, официјален е и трансферот на Кире Митревски, кој се враќа од Прилеп. Се работи на лев бек, кој настапуваше и за Зомимак и на Косово и ќе ја зголеми групата на битолски ракометари. „Ги договоривме сите детали со искусен кружен напаѓач, нема дилеми дека ќе го доведеме, единствено тој треба да си ги реши проблемите со исписницата со сегашниот негов клуб„ рече Стефановски. Се работи за србинот Немања Нешовановиќ, кој поникна во Црвена Звезда, а настапуваше и за Морава од Велика плана. В понеделник во 11 часот на официјална прес-конференција, управата на клубот ќе соопшти нешто повеќе околу следните потези на клубот.

Без коментари

LEAVE A REPLY