Кире Ристевски раскина со Тирана, избира меѓу понудите од странство

0
178

Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Кире Ристевски го напушта албанскиот клуб Тирана по само шест месеци минати во овој клуб. Тој ќе побара нов предизвик и веројатно ќе ја менува лигата. Ристевски беше стандарден како централен дефанзивец за една од најдобрите албански екипи, но наиде на проблеми со доцнење на заостанатите плати и се ослободи од Тирана, која не ги исполни обврските кон него. Бившиот фудбалер на Пелистер, претходно настапуваше за Балиш во Албанија, каде ја носеше капитенската трака и за Славија од Софија во бугарската лига. Скоро сигурно пак ќе настапува во странство, иако интерес и минатата зима и сега има и од неколку македонски клубови.