Кирил Миновски, директорот на УЈП, нов министер за финансии

0
712

На позицијата нов министер за финансии премиерот Емил Димитриев ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски, јави МИА.

Тој има плодно 17­годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13­годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton) во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.

Миновски поседува и искуствo во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат.

Претходно бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.