Кишна го избра Лацио и веќе пристигна во Рим

0
311

Ајакс официјално потврди дека досегашниот играч на овој клуб Рикардо Кишна кариерата ја продолжува во римски Лацио. Кишна кој со Ајакс имаше договор до јуни наредната година во средата ги мина медицинските прегледи во Лацио. Рикардо Кишна е 20 годишен и тој со Лацио потпишал четиригодишен договор вреден 1,2 милиони евра по сезона. Холандскиот напаѓач за Ајакс одиграл 48 натпревари и постигнал седум голови.