КК Пелистер ќе игра во Првата лига

0
1071

Кошаркарите на  Пелистер ќе бидат последниот учесник во кошаркарската Прва лига, откако клубот ја прифати поканата од МКФ да го пополни местото во најсилната категорија. Б

Општина Битола како единствен акционер во клубот даде „зелено светло“ за учество и набргу ќе изготви многу поголем буџет за засилувањата во Првата лига, наместо досега планираниот за Втора лига, ни потврди одговорниот за спорт при Општина Битола, Гордана Цветковска – Бошевска.

Не е познато по каков систем на натпреварување ќе се игра првиот дел од Првата лига пред плеј-офот кога ќе се приклучат двата македонски претставници во АБА лигата, МЗТ Скопје и Карпош Соколи.