Кларк: Брз излез од политичката криза е во интерес на земјата

0
267

Од гледна точка на Обединетите нации, ние навистина би сакале да видиме брза разрешница на кризата во согласност со уставниот поредок, бидејќи гласачите очекуваат нивната волја да биде испочитувана. Во интерес на земјата е да најде излез од политичката криза што е можно побрзо во согласност со уставниот поредок, вели Хелен Кларк, генерален потсекретар на Обединетите нации и администратор на УНДП, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според неа, неверојатно е што толку мала земја има 3 од 10 најзагадени градови во Европа.

– Но, секако постојат одговори за ова. Одговорите не се секогаш лесни и обично укажуваат на потребата да се сменат нештата, како на пример политиките, или можеби закони и регулативата, но и однесувањето на граѓаните. Но, во сржта на сè е чистата енергија. Доколку енергијата доаѓа од термоцентрали на јаглен, тогаш станува збор за нечиста енергија. И индустријата тогаш ќе биде нечиста. Доколку нема соодветна контрола на издувни гасови од возилата, тогаш и тие ќе го загадуваат воздухот. Исто така и греење или готвење на дрва или други материјали го загадува воздухот. Така што секако ќе биде потребно да се донесат некои тешки одлуки во врска со регулативите, со изворите на енергија, но јас сум уверена дека ќе се најдат одговори за да се реши проблемот со загадување на воздухот – истакна Кларк.