Климатските промени причина за помала количина на мед

0
1045

Временските услови и влагата во климата се причина за намалениот принос во пчеларството и намаленото производство на мед, истакнаа денеска пчеларите кои што зедоа учество на традиционалната манифестѕација „ Денови на македонското пчелрство 2015“, која што годинава се одржува по 18-ти пат

mende

-Ние се надевавме во месец мај дека ќе имаме добра пчеларска година и дека ќе има поголемо производство на мед количински, меѓутоа не се случи тоа, затоа што температурите не беа онакви какви што треба да бидат за да има добар принос во пчеларството, изјави Менде Трајковски, Здужение Нектар-Битола

Цената на медот за разлика од минатите години е покачена, така што конвенционалниот се продава по 300 денари а органскиот  до 500 денари за тегла мед. Но иако со повисока цена, медот граѓаните го купуваат, велат од Нектар, и додаваат дека за нив проблем претставуваат фалсификаторите на мед

– Ние во писмена форма си се обраќаме до инспекциските органи, до Агенцијата за храна и ветеринарство, а тие преку своите инспектори треба да ги најдат фалсификаторите. Сакаме тоа што побрзо да се искорени, бидејќи тоа ни претставува нелојална конкуренција за нас пчеларите, додаде Трајковски

med

На манифестацијата која ќе трае до недела ќе се претстават околу 30-тина пчелари. Во склоп на истата беше претставена и изложба од слики на ученици од основните училишта во Битола, Новаци и Могила, а за најдобрите следува награда, рекоа од Здружението Нектар- Битола