Клинтон му честитала на Трамп дури откако ѝ се јавил Обама

0
344

Хилари Клинтон не го признала изборниот пораз сè додека доцна во ноќта не добила телефонски повик од претседателот Обама, според една нова книга за нејзиниот историски пораз.

Хил известува дека авторите Ами Парнс и Џонатан Ален велат дека извори им рекле дека Обама ѝ се јавил на Клинтон откако дошле резултатите од Охајо, Пенсилванија и Висконсин, и ѝ рекол: „Мора да го признаеш поразот“.

Изворите рекле дека во хотелската соба на Клинтон на Менхетн некои од помошниците сметале дека сè уште има надеж и ја терале да чека колку што е можно повеќе, но атмосферата се променила по повикот од Обама.

„Имаше многу дискусии за Мичиген и Висконсин и дали броеви може да доведат до пресврт“, рекол еден извор што барал да остане анонимен и додал дека трката во неопределените држави била толку тесна што Клинтон таа ноќ немало да го признае поразот да не ѝ се јавел Обама.

Инсајдерите велат дека Обама се јавил откако шефот на кампањата Џон Подеста отишол да им каже на симпатизерите на Клинтон дека таа нема да одржи говор таа ноќ. Таа одлучила да му се јави на Трамп и да му честита на победата пред Подеста се врати, според изворите, кои велат дека таа фрустрирано им рекла на соработниците: „Дајте ми го телефонот. Му ѕвонам.“

Џил Стајн, која беше претседателски кандидат на Партијата на зелените, поднесе барање за повторување на броењето на гласовите во Висконсин, а државата завчера се согласи да го изведе пребројувањето

mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY