Клоп се договорил со Реал

0
188

Актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, од наредната сезона ќе седи на клупата на Реал Мадрид. Германецот со ’кралскиот клуб’ потпишал тригодишен договор.

Според наводите на „Радио Дојчланд“, 47-годишниот стручњак се управата на Реал го договорил сите услови околу соработката, тој ќе има годишна плата од осум милиони евра.

Трансферот ќе биде официјализиран по 30.мај, кога Борусија против Волфсбург ќе се бори за титулата во германскиот Куп.

Клоп во април најави дека ќе си оди од Борусија. Тој со овој тим има освоено две шампионски титули и по еден Куп и Суперкуп на Германија, а во сезоната 2012/2013 играше и во финалето во ЛШ.

На клупата на Реал, Клоп ќе го замени Карло Анчелоти. крај/мф/нц

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax