Клучен е квалитетот на изборите

0
294

Квалитетот на изборите е круцијален, вели германската амбасадорка. Има уште прашања на кои треба да се работи, како, медиумите, квалитетот на избирачкиот список и воздржување од политичка манипулација врз гласачите.

Има уште многу работа, а времето е кратко до 5 јуни за да се исполнат сите услови за фер и кредибилни избори, вели германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе биде објавено в недела. Таа додава дека по завршувањето на вкрстените проверки на избирачкиот список, сите партии треба да работат за да има кредибилни избори. Алтхаузер смета дека е неопходно да и се даде институционална поддршка на Државната изборна комисија за да може да си ја заврши работата на време.

Таа додава дека преговорите за медиумите во соработката со медијаторот од ЕУ Питер Ванхауте заврши, но дека процесот треба да биде рестартиран.

„Тоа што комесарот Хан го изјава, а Германија во целост го поддржува тој став, е дека квалитетот на изборите е побитен од датумот, и квалитетот ќе биде измерен врз основа на критериумите кои беа наведени во заедничкото писмо од амбасадорите на ЕУ и САД до премиерот кое датира од 19 февруари годинава. Нашата гледна точка е дека квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остана на важните прашања, како што е медиумската средина која треба да им ја даде на гласачите информацијата што им е потребна, квалитетот на избирачкиот список, и воздржување од политичка манипулација врз гласачите и гласањето.“