Клучна недела за Македонија

0
479

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“  порачаа дека остануваат будни и и нема да дозволат никој да ја спроведе Тиранската платформа.

Тие повикуваат на уште поголема масовност на улиците во следните три денови, кои се клучни за заштита на унитарноста на државата. На политичките лидери им порачуваат да покажат разум и да се обединат околу националните интереси.

„Наредната недела е клучна за граѓаните и Република Македонија и ќе реагираме во секунда, треба да останеме будни и да следиме се што се случува да не дозволиме мешање во внатрешните работи од страна на соседните држави“ – рекоа вчера од иницијативата.

Сметаат дека Тиранската платформа е презентирана на Божиќ, намерно за да не предизвикала  големи реакции затоа што за празник секој си има други приоритети. Велат истото ќе се обиделе да го направат и за претстојниот Велигден, но овој пат објаснуваат дека тоа нема да помине без реакција.

Протестите ќе продолжат по 42 пат и нема да дозволат да се прифати платформа на туѓа држава.