Книгата како мост за ненасилство

0
420
Во рамките на одбележување на 23 -ти април, меѓунарoдниот ден на книгата, во националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски Битола, се организирани повеќе активности.
Една од нив е и проектот Книгата и библиотеката- мостови кон ненасилна комуникација кај младите .
Оваа активност е дел од проектот за управување со конфликти и едукација на млади.
Координатор на истиот е Ленче Андоновска, а проектот ги вклучува основните и средните училишта како и повеќе стручни соработници.

Светскиот ден на книгата УНЕСКО го одбележува од 1995 година.