Книгата-Пулсот и времето, промовирана пред битолчани

0
4898

Под мотото На Широк Сокак со книга и Читалиште е новото шеталиште -пред многубројните вљубеници во пишаниот збор, во кафе бар Порта Џез се одржа промоцијата на книгата „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска. Промотори на битолската промоција беа Бранко од „Фолтин“ и Сашо Прокопиев .
Во меѓувреме покрај Битола и Скопје, беа одржани промоции во Велес, Штип, Тетово, Струга, Охрид .
– Градот на конзулите има силен културолошки пулс и книжевна традиција -истакнува Ана.
Пулсот и времето, го портретира македонското општество во една декада низ креативни разговори со јавни личности, интелектуалци, писатели, актери, професори, дипломати, уметници и политичари. Дел од разговорите во книгата се снимени токму во Битола како интервјуата со светски познатите актерски ѕвезди Катрин Денев, Жулиет Бинош, Дерил Хана, интервјуата со писателот Гоце Смилевски, актерката и продуцентка Лабина Митевска, драматургот Дејан Дуковски и други11060846_10206855445198704_6285725499760709757_n.
За промоцијата во „Порта Џез“, се одлучила заради тоа што ова место за неа, не е само кафе бар, туку и симбол на една цела културна сцена на градот. И во контекст на ова еден од насловите на разговорите во книгата се вика Политиката и сиот тој џез, а поднасловот е Македонски будизам и слободата како света крава од што се гледа дека секој наслов од 50-те интервјуа во книгата има своја приказна, движејќи се по тенкото јаже од љубов до политика, од страв до слобода. Станува збор за интимни пресеци на душата, но и општествени резови на неправдата и болката. Разговори меѓу Јас и Другиот – вели Јовковска.
Рецензенти на книгата се проф. Венко Андоновски, проф.Ферид Мухиќ, актерот Никола Ристановски, драматургот Дејан Дуковски, проф. Елизабета Шелева и проф. Александар Прокопиев.