Коалициските сили го демантираат бомбардирањето на болницата

0
289

Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија соопштиле дека болницата на северниот дел од Јемен не е бомбардирана од нивна страна.

Одговарајќи на прашањето, дали коалициските сили ја бомбардирале болницата сместена во областа Хидан, генералот Ахмед Асери во електронска порака одговорил негативно, пренесува Ројтерс. Асери рекол дека авионите на коалициските сили делуваат во Шаади, а на прашањето што ги предизвикало експлозиите тој одговорил дека без истрага не може да даде никаков одговор.

Јеменската новинска агенција САБА јавила дека болницата е погодена од страна на коалициските сили и дека има повредени.

Без коментари

LEAVE A REPLY