Кодекс за фер избори потпишаа и кандидатите за градоначаници во Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен

0
1654

Кодекс за фер и демократски избори потпишаа и кандидатите за градоначалници од Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен.

Во Могила потписи ставија тројцата кандидати. Стево Пивковски како независен, Јасмина Гулевска од СДСМ и Зоранче Сакурмовски од Народното движење на Македонија.

Во Демир Хисар потписи ставија двајцата кандидати Љупчо Блажевски од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и кандидатот на СДСМ и нивната коалиција Марјанчо Стојановски.

Во Ресен, Ѓоко Стрезовски кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Живко Гошаревски кандидат на СДСМ.

Во Новаци Лазар Котевски кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Љубе Кузмановски кандидатот на СДСМ и независниот Пецо Мицевски.

 

 

Без коментари