Кога е алармот за посета на ортодонт?

0
1651

Потребатата за ортодонциски третмани цесто се јавува кај децата кога тие почнуваат да ги губат своите млечни заби и им растат новите трајни заби.Понекогаш при никнувањето на вторите заби, може да се јави пренатрупаност што може да доведе до неправилна линија(преклопување) како што забите се стискаат во слободниот простор во устата.Ортодонтите се трудат временски да го постават третманот кога детето е доволно зрело да соработува и кога растот на коската е најбрз.

doktpor violeta

-Оптималната возраст за почеток на третманот зависи од карактеристичноста на деформитетот што треба да се коригира, но сепак за најдобра возраст за процена на деформитетот се смета возраста од седум години, бидејќи во овој период се совпаѓаат и двата фактора за третман на одредени скелетни деформитети, изјави д-р Виолета Поповска, специјалист ортодонт 

Она што е важно да се напомене е дека постојат безброј решенија кои можат да се применат за корекција на неправилно поставените заби, било да е од естетски или од здравствени причини. И сега, за разлика од минатото, се работи за побрзи и посуптилни начини кои се користат а кои секако имаат и подобри резултати. Истражувањата покажуваат дека неправилните заби не се само естетски проблем, тие често се причинител и на други заболувања како што е на пример парадонтопатијата. Затоа, се повеќе се обраќаат и постари лица за ортодонтски третмани, како превентива на други стоматолошки проблеми.Постојат различни мислења во однос на тоа дали процесот на поместување на забите кај децата е побрз отколку кај возрасните

Третманот на фиксна протеза кај возраљсните с е од 1 до 2 година, зависи од искривеноста на забите, вели д-р Поповска.

Без коментари

LEAVE A REPLY