Кога и како грешиме со алкохолот?

0
581

Алкохолизам или алкохолна зависност, хронична болест позната по потребата по алкохол. Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како алкохоличари. Тие не можат да го контролираат своето пиење дури ниту кога станува директна причина за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања, брачни проблеми, загуба на работата или сообраќајни незгоди. Медицинската наука сѐ уште ја нема откриено точната причина за алкохолизмот, но истражувањето покажува дека генетички, психолошки и социјални фактори помагаат во неговото развивање. Алкохолизмот сѐ уште не е излечен, но најразлични третмани можат да им помогнат на алкохоличарите да го избегнат пиењето и да си го вратат здравиот живот.Има вистина и во тоа дека со алкохолот се победува стресот, стравот, станувате похрабри или пак ве расположува. Но, тоа не е така.
Алкохолот не е машкост, оттука и грешката која ја прават родителите кога дозволуваат децата со малото прсте да лизнат од чашката со алкохол на нивните родители, пред се татковците, вели прим.д-р  Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ- психијатар.

СЗО проценува дека скоро 62 милиони луѓе ширум светот патат од алкохолна зависност. Општата состојба на болеста варира во различни земји.