Кога јавните површини се јавни тоалети

0
1043

Граѓаните реагираат дека оваа слика и по неколкупати дневно ја гледаат низ своите прозори и балкони, особено оние кои живеат во близина на обележаните такси-стојалишта во градов. Тие тврдат дека несовесни таксисти кои со своите возила чекаат повик на такси-стојалиштата, но и корисници на усугите на најралични институции и компании во градов како Клиничката болница, пазарот во Нова Битола дискотеки и кафе-барови, многу често знаат своите физиолошки потреби да ги извршуваат по околните паркови, напуштени гаражи и објекти, дури и под балконите на приземјето на стамбени згради, сето тоа на очиглед на околните станари.
За оваа навика на граѓаните и гостите на Битола, запрашавме токму дел од посочените.

„Има и колеги и други граѓани кои навистина го прават тоа но најголем дел од нас се наоѓаат со тоа што одат во некоја продавница, ресторан…“ -велат такси-превозниците.

Изјавите на такси-превозниците водат во друг правец. Се заинтересиравме околу проблемот кој ни го посочија, постоењето на јавни тоалети во Битола, односно имаат ли оние совесните меѓу нив можност од својата мака да се ослободат како луѓе. Ова прашање го поставивме кај оние кои ги одржуваат јавните тоалети во градов.

„Тоалетот е отворен и функционира но луѓето често физиолошките потреби ги извршуваат го паркот и зад џамијата.“ – велат лицата кои ги одржуваат јавните тоалети.

И двете страни си имаат свои аргументи, а проблемот останува. Дали навистина само два јавни тоалети во градов се премалку, дали нивната цена за услуга која купува цела векна леб е премногу, дали се е прашање на лична култура или на маката навистина нема јунаци, се ова е отворено за дебата. Но, едно е сигурно, доста е граѓаните на самонаречениoт „најградски град на Балканот“ секојдневно без своја волја да бидат во улога на воајери.