Кога ќе биде ставен во употреба акцелераторот?

0
550

Министерот Тодор денеска прашан за тоа кога ќе проработи Oдделението за зрачна терапија при Клиничката Болница?

– Бункерот е завршен, акцелераторот е стигнат, во тек е набавка за инсталирање на акцелераторот и негово комисионирање. Ова е подолг процес. Инсталацијата и комисионирањето некогаш опфаќаат период од 9 до 16 месеци . Очекуваме во овај период и тоа да биде завршено, изјави Никола Тодоров, министер за здравство

Министерот за здравство денеска во Битола, каде оствари посета во Клиничката болница.Кажа дека првата фаза од реконстрикцијата е при крај .

todorov-3

-Опфаќа реконструкција на фасадата и промена на сите прозори, инвестиција вредна 107 милиони денари, со што ќе се овозможи сериозна енергетска ефикасност на болницата и сериозни заштеди на средства. Пресметките покажуваат дека заштедите ќе се движат од 7-9 милиони денари годишно, средства кои што болницата ќе може да ги користи за сопствен развој, подвлече Тодоров.

Предвидено е покрај првата да има и втора и трета фаза на реконструкцијата, која ќе биде комплетна и темелна реконструкција на целата внатрешност на болницата, рече Тодоров

Без коментари

LEAVE A REPLY