Кога ќе заврши изградбата на колекторскиот систем?

0
1718

Кај сме чекале 11 години ќе почекаме уште некоја,за доизградба на колекторскиот систем во најстариот национален парк во државата „Пелистер“ . За доизградба на колекторски систем и пречистителна станица ќе поминат уште неколку години, така вели директорот на НП Пелистер Минатата година градоначалникот на општина Битола Владимир Талески потпиша договор со министерот за животна средина Нурхан Изаири за „Изработка на техничка документација и доизградба на колекторски систем за локацијата Бегова Чешма во НП Пелистер“.Договорот беше потпишан согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

-Има проект од страна на општина Битола за продолжување на колекторскиот систем за околу 200 метра приклучување на Молика и Детското одморалиште и истиот цевковод да се приклучи на градскиот водовод како што се планира, но за тоа ќе поминат најмалку 3 до 4 години, изјави Амет Аџиу директор на НП Пелистер

Колекторскиот систем на Пелистер започна да се гради пред 11 години, а активностите запреа заради недостиг на пари.Надлежните веќе неколку години најавуваат дека проектот за изградба на колекторскиот систем на Пелистер ќе продолжи да се реализира. Во мај пак 2014 почна да се наплатува влезот во националниот парк „Пелистер“. Наплатата ја вршат вработените кои издаваат потврда, а собраните средства , како што велат од НП Пелистер се користат за непрофитни цели, односно се реинвестираат во туристичката понуда на националниот парк, Влезницата чини 50 денари за гостите кои во паркот сакаат да престојуваат со свој автомобил и моторциклистите, 80 денари чини влезот со комбе до 20 седишта и 150 денари за автобуси.Така ќе биде и летово

– Во однос на наплатата за влез во НП Пелистер постои одлука на Влада донесена во 2012 година а ние почнавме да ја спроведуваме 2014 се со цел помал број на возила да влегуваат на територијата на паркот за да се намали загадувањето. Иако со одлука на Влада треба да наплатиме и за влез на лица што претстојуваат во паркот , но таа одлука не ја спроведуваме сеуште , бидејќи нема клима за тоа, изјави Амет Аџиу директор на НП Пелистер

Останува да се надеваме дека за многумина летово НП Пелистер ќе биде атрактивна дестинација а и бегство од жештините во градот.