Кога на 192 никој не се јавува, каде да се јавиме?

0
1791

Се соочиле со проблем и морале да повикаат полциија. 192 е бројот за пријава. Раскажуават дека во периодот од 20 до 20.30 часот могу пати се обдиел но никој не се јавувал на телефонскиот број 192. Се пожалија дека не можат да ги добијат. Се обидовме ние и пробавме да се јавиме. Првиот повик на 192 го направивме во 20 часот и 13 минути, никој не се јави. Се обидовме во 20 часот и 15 минути на телефонскиот број 047 225 110, но повторно никој не се јави, една минута подоцна пробавме пак на истиот број но повторно никој не добивме. Се обидовме и по трет пат , ѕвоневме во 20.18 но за жал и тогаш не ги добивме. Денеска побаравме одговор и објаснување зошто на нивните телефонски броеви 192 и 047 225110 никој не одговарал. Од СВР Битола велат дека во тој момент нивни екипи биле во СВР Битола, други екипи биле на терен, по дојава на граѓани. Така објаснуваат од полицијата. А остануават многу отворени прашања :Што да превземат граѓаните во тој момент кога им е неопходна полиција, а неможат да ја добијат? Дали треба да чекаме недај боже некој да настрада, па тогаш нашата полиција да дојде на лице место ? Зошто никој не се јавил на телефонските броеви, кога линијата била во ред? Ако била преоптоварена како што велат дали полицијата има алтернативен друг број освен овие двата?