Кога на Македонија најмногу ќе и треба помош, тогаш нема да ја добие

0
312

„Македонија да преземе мерки против рушењето на бугарски споменици на нејзина територија“. Тоа го побарал премиерот Бојко Борисов од премиерот на Македонија, Емил Димитриев на средба во Виена. Таму двајцата учествуваа во разговори за прекин на миграцискиот бран кон Европа.

Повод е рушењето на споменикот на Кајмакчалан, дело на македонскиот водител, Миленко Неделковски.

– Ако не преземат мерки против тоа да се кршат со чекани бугарски споменици, ќе имаат многу непријатни средби потоа, изјавил Борисов по разговорот со Емил Димитриев, пренесе 24 часа.

– И тогаш кога најмногу очекуваат помош – нема да ја добијат. Ова помага ли на нашите односи, помага ли на интеграцијата на Македонија во ЕУ? Утре ќе треба да гласаме за нив, истакна бугарскиот премиер.

Борисов се закани уште дека Македонија повеќе нема да добие помош од Бугарија, ако не се преземат мерки против вандалскиот чин.

– Испративме пожарна, и вода, и храна – и сите Македонци беа задоволни дека Бугарија им помогна. Во средата советот на министрите даде 150 илјади евра помош за Македонија и ова ли го заслужува Бугаринот?, продолжи Борисов.

Македонското МНР вчера вечерта објави дека уништениот споменик бил нелегално поставен. Во соопштението од МНР повикаа Бугарите да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување на такви споменици.