Кога сонцето заоѓа-изложба на фотографии на Коста Ќука

0
4593

Коста Ќука веќе 40 години се бори да докаже дека оној еден хромозом повеќе, не е недостаток туку можеби дар и бескраен стремеж да се биде подобар од сите.

Овој пат Коста со своите фотографии, ловејќи го величествениот момент – Кога сонцето заоѓа, ја подели со сите присутни на изложбата убавината на својата душа.

Со неисцрпна енергија тој се труди да докаже дека животот исполнет со делење љубов и насмевка на секого е можен и поубав. Како што убавиот збор му е средство да омекне сечие срце, насмевката заштитен знак, така и фотографскиот апарат му стана алатка да открие уште еден дел од себе, од својата интима, од својата душа.

Некои луѓе не ги забележуваат залезите и за нив сите се исти, но оние што ја бараат убавината насекаде сфатиле дека се разликуваат исто како и ние луѓето. Ние за разлика од нив се разликуваме по внатрешноста, по душата.

Коста всушност е онаа душа кон која би требало сите да се стремиме, душа кој познава само безусловна љубов.