„Коха диторе“: Имами и НВО шират верски екстремизам на Косово

0
180

Единаесет лица и 50 невладини организации се главните виновници за негувањето и ширењето на верскиот есктремизам на Косово, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

„Екрем Авдиу, Шефќет Красниќи, Енес Гога, Лукман Незири, Кастриот Дука, Фарук Локај, Мазлум Мазлуми, Селатин Шаља, Шабан Шабани, Јетон Река и Шукри Али се осомничени дека го почнале и го негуваат салефизмот“, пишува „Коха диторе“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА, поголемиот број од нив минатата година биле уапсени под сомнеж за регрутирање на поединци со цел извршување терористички активности.

По потпишување на петиција од шест илјади граѓани на Србица, имамот Кастриот Дука е протеран во Албанија и забранет му е влезот во Косово, додека Шукри Алиу е убиен во Македонија.

„Главни финансиери на есктремизмот биле многу органзиации, меѓу кои и „Ал Хараманеи“, „Истанбул“, ИВЦ и КОФФ, кои веќе го напуштиле Косово, оствајќи ги зад себе „ларвите“ со формирање на невладините организации „Трага“, „Фондакос“, „Сфера“, „Едностраност“…, наведува весникот.

„Коха диторе“ истакнува дека ваквите сознанија произлегуваат од изваштај на Косовската агенција за разузнавање во кој биле содржани повеќе детали, а кој ѝ бил доставен на Владата на Косово во 2013 година.