Кои дисперзирани студии ќе ги нема на битолскиот универзитет?

0
3134

Оваа година факултетите при Универзитетот „Св Кирил и Методиј” нема да имаат дисперзирани студии. Такво било барањето на Универзитетот кое се поклопило со ставот на Владата. На битолскиот универзитет, пак како што денеска не информираше ректорот, според неофицијалните информации со кои што располагале, мал бил бројот на редуцирани дисперзирани студии при УКЛО.

– Според неофицијалните информации кои што ги имаме мал е бројот на редуцирани дисперзирани студии на УКЛО, од причина што ние и претходно ги имавме редуцирано овие дисперзирани студии. Оклу 80% од она што го понудивме како дисперзии поминаа на УКЛО, веројатно затоа што држеше логиката која што ја имаше УКЛО, при нудењето на дисперзираните стуидии. Со сигурност се поминати Правниот во Кичево со дисперзии во Битола, Нутриционизам во Велес со дисперзии во Битола.Тие се логични дисперзии затоа што седиштето на Универзитетот е во Битола, изјави Проф.Д-р Сашо Коруновски ректор на битолскиот универзитет Св. Климент Охридски .

Ректорот вели дека скратени се оние дисперзирани студии кои што неможеле да ги реализираат како што треба

-Кога се работи на еден процес ги гледате предностите но и маните. НИе како одговорна институција, онаму каде што не можевме да испорачаме квалитет, бидејќи целта не ни е само да се фалиме со бројки на студенти, туку сакаме да видиме кои се нашите оптимални можности за да формираме еден квалитетен образовен процес. Во самата проекција самите ги кратевме дисперзиите онаму каде што гледавме дека не можеме да ги реализираме како што треба, додава Проф.Д-р Сашо Коруновски

Студиите за Безбедност и евроинтеграциите на Факултетот за безбедност при УКЛО, кои 5 години беа ставени во мирување, годинава ќе се актуелизираат.
Очекувањата на ректор се дека и годинава ќе се запишат околу 2000 студенти на Битолскиот универзитет, бројка слична како ланската .