Кои се кадровските решенија за битолското здравство!

0
5816

Денеска ги подготвиле решенијата за смена на директорите во здравствените институции во Битола, а утре се очекува тие да пристигнат на адресата на Клиничката болница, Здравствениот дом и Јавна здравствена установа Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Битола, потврди за Тера заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски.

Зоран Лазаров ќе раководи со Клиничката болница, Весна Спировска со Здравствениот дом, а Дивна Најдовска со Заводот за рехабилитација.

Без коментари