Кои се најплатени професии во Македонија

0
896

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 101.0 %

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.3%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.6%) и Административни и помошни услужни дејности (1.9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2016 изнесува 32 640 денари.

Анализата на податоците на статистиката по месец покажува големи варијации на платите во различни месеци кај разни дејности , па во некои просеци варираат и по десет евра надолу или нагоре . Така во септември покрај дејноста компијутерското програмирање кое е на врвот на најплатени со 70.971 денари , потоа следуваат правните и сметководствени дејности со плата од 68,481 денар , после него е воздушниот транспорт со 63.469 денари, потоа следува производството на основни фармацевстки производи и препарати чија плата е 62.786, па фиансиските услужни дејности со плата од 60.493 денари телекомуникации со 59.439 денари , снабдување со електрична енергија гас и пареа и климатизација со 55.022 денари , складирање на помошни дејности во превоз 54.531 енар информацискии и комуникации со 53.891 и осигурувањето со плата од 52.285 денари .
Во септември 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.