Кои се најтранспарентните општини во Македонија!

0
788

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија е ниско. Процентот на исполнетост  на обврските за активно објавување на информациите кај  97 вклучени институции изнесува општини и министерства изнесува 45% (од можни 100%).
Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 33%, има во групата со  ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 4%, во најдобрата група , онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност.
Генерално, општините стојат многу подобро од министерствата и од Владата според нивото на нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 18 места од ранг-листата, а  најдоброто министерство се наоѓа дури на 19-то место. Сите 4 институции во најдобрата група, со ’многу добра‘ активна транспарентност, се општини. На првото место, со 88,1% исполнетост на обврските за активно објавување на информации е Општина Крива Паланка, која е следена од општините Велес, Битола и Струмица. На последно место, со најслаба активна транспарентност е општина Чучер-Сандево. Кај министерствата,  најдобро рангирано е Министерството за локална самоуправа (19. место), а најслабо рангирано е Министерството за економија.  Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите објавуваат најмногу  информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност.
Во овој регион освен битолската која е во групата многу добра, сите останите се наоѓаат во групите добра, просечна, слаба и многу слаба транспартност.

Во однос на регионите, според просечните резултати, најдобро стои североисточниот регион, а најслабо – вардарскиот. Министерствата, земени како група, и овде се наоѓаат точно во просекот  – четири региони се подобри, а четири послаби од нив.
Центарот за граѓански комуникации изработи детална методологија за
сеопфатно истражување кое треба да го измери степенот на активна транспарентност на државните  институции во Македонија. Идејата на ова истражување и на рангирањето на институциите во т.н.  Индекс на активна транспарентност е да им се помогне на институциите околу тоа кои информации треба да ги објавуваат и да се поттикнат да ги објавуваат тие информации.
Истражувањето се спроведе од 1 до 15 април 2016 година. Финалното рангирање на институциите е извршено според степенот (процентот) на исполнување на обврските.

Без коментари

LEAVE A REPLY