Кои се правата и одговорностите при куминикација на интернет

0
287

Македонскиот институт за медиуми одржа јавна дебата посветена на правата и одговорностите при комуникација на интернет.

На настанот  беше претставена анализа за институционалната и за правната рамка во која функционираат онлајн-медиумите во земјава, а излагања  имаа правници и експерти од областа на дигиталните медиуми.

mim 2  

Анализата нуди приказ на состојбата со почитувањето на легислативата во сферата на онлајн-медиумите и комуникациите во Македонија, осврт кон  правната рамка и опфатот на законските прописи за дигиталните медиуми,  улогата на саморегулаторните механизми, како и преглед на искуствата и перцепциите на засегнатите страни и  на публиката.

 

Јавната дебата се организира како дел од проектот „Македонија во дигиталната ера – меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет”, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми, со делумна финансиска поддршка од Амбасадата на САД.