Кои се причините за опожарувањето на возилото?

0
2460

По вчерашниот прилог за опожарено возило кое што екипата на Тера го снимаше на улицата „ 4- ти Ноември“ во близина на Железничката станица во Битола, денеска од полицијата побаравме информација за овај настан. Од таму преку соопштение информираат за тоа што се случило со возилото. Во нивното соопштение се вели :

-По добиена пријава во СВР-Битола, за забележано запалено возило, од страна на увидна екипа на ОКТУПА при СВР – Битола е излезено на лице место и е констатирано дека на 15.06.2017 година, во времето околу 13,30 часот ПМВ „Фолсфаген Пасат“ со битолски регистерски ознаки, кое било паркирано во стопански двор на повеќе фирми на ул.„4-ти Ноември“ , во близина на Железничката станица во Битола, се самостартовало, запалило, се придвижило дваесеттина метри и удрило во ѕид. Од горењето на возилото бил зафатен прозорецот, дел од кровната конструкција и разводната табла со саатот од електричната инсталација на објектот во чиј ѕид удрило возилото.

Во пожарот ПМВ целосно изгорело, се вели во соопштението на СВР Битола.