Кои се симптомите и како се лекува туморот на мозокот?

0
3840

Што е тумор и дали се познати причините кои што го предизвикуваат ?

–  За тумор треба да се кажи и да се објасни што е тоа всушност во медицината ? Секоја неприродна израснина која што неконтролирано расте ја нарекуваме тумор, значи може да се јави тумор на било кој дел од телото, на кожа на коски, на мускули на било кои други органи  и во склоп на тоа се јавуваат и туморите на мозокот, тие неприродни и некотролибилни израснини. До денеска медицината нема најдено одговор зошто се појавуваат туморите воопшшто во човечкото тело исто така и туморите на мозокот кои што ние ги викаме инкриминирани фактори кои што можат да допринесат до појава на тумор, нели тука се и наследните фактори, фамилна предиспозиција, одредено загадување итн. изложување на радиоактивни зрачења на хемиски елементи меѓутоа една конкретна причина нема за жал, вели Проф. Д-р Јовица Угриновски, Аџибадем Систина

Кои се најчестите симптоми?

– Еден од најчестите симптоми е главоболката , меѓутоа не е задолжителен , може да постои и тумор на мозокот кој што не оди со главоболка од една страна , а пак од друга страна пак не секоја главоболка значи и тумор , меѓутоа ако ги редиме по редослед, најчест симптом е главоболката која што е пратена со гадење и повраќање , понатаму следат различни други смптоми зависно од локалиизацијата на туморот во кој дел е сместен туморот, ако тој е сместен во моторната зона на мозкот ќе се пројават на спротивната страна од телото , слабост, парализа на раката или ногата , грчеви итн, вели д-р Јовица Угриновски
Кога е алармот за на лекар?

– За било кој здравствен проблем и од нормалната кондиција на пацииентот пожелно е да се направи лекарска консултација, лекарот понатаму пратејќи ги симптомите и знаците одлучува што понатаму да се прави во дијагностичка смисла, рече  д-р Јовица Угриновски

Дали секој тумор е и канцер?

-И туморите на мозокот како и туморите во човечкото тело ги делиме на бенигни и малигни, а канцерот е во групата на малигни, и на мозокот постојат бенигни тумори и малигни, и псотојат т.н метастатски тумори кои што не потекнуваат од мозокот туку дополнително дошле во мозокот, вели д-р Јовица Угриновски
Како се дијагностицира туморот на мозокот?

– Прво и основно за дијагностицирање на тумурот е контролата, матичниот лекар треба да постави сомнение, врз основа на клиничката слика на пациентот, потоа да го упати кај неуролог кој доколку го потврди ова сомнение постои дијагностички редослед на постапките кои што треба да се направат тука спаѓа томографијата на мозокот која што ни дава слика дали постои тумор или каде е лоциран и каков вид на тумор е, потоа следи магнетната резонанца, и во главно тие две процедури се главни во дијагностиката, додаде д-р Јовица Угриновски

Без коментари