Кои земји примиле најмногу мигранти?

0
348

Многумина се прашуваат зошто бегалците од Сирија доаѓаат во Европа, а не бегаат во околните земји. Но фактите покажуваат дека најголем број Сиријци се сместени во Турција, Либан и Јордан, пишува хрватски Индекс.
Според податоците на УНХЦР, 2,2 милиони Сиријци се наоѓаат во Египет, Ирак, Јордан и Либан, 1,8 милиони од нив се во Турција, додека 24 илјади се во Либија.
Во земјите од Европа стигнале само 8 отсто од сириските бегалци. Во период од 2011 година до јули 2015 година, избегале 4 милиони луѓе од Сирија, од нив азил во европските земји побарале 348.000 Сиријци.sirijaazil_opt

Околу 47 проценти од бегалците од Сирија побарале азил во Германија и Шведска, 33 отсто во Србија, Унгарија, Австрија, Бугарија и Холандија, а 20 отсто во другите земји.

Европската унија има околу 500 милиони жители, од кои 7 проценти не се родени на нејзина територија. Според проекциите на Европската унија, која се соочува со стареење на населението, бројот на работоспособното население во споредба со постари од 65 години, во 2060 година би можел да падне на 2 спрема 1.
Без имиграција, населението на Европската унија до 2080 година би се намалило на 400 милиони, од сегашните 500 милиони луѓе.
ЕУ има воспоставено Азилантски, миграциски и интеграциски фонд, кој во буџетскиот период од 2014 до 2020 располага со 3,14 милијарди евра, чија цел е поддршка на мигрантите во смисла на информирање, едукација и совладување на јазик, како доселениците подобро би се интегрирале.