Kој е бенифитот од осигурување на земјоделските посеви за земјоделецот?

0
404

Предноста на осигурувањето на земјоделските посеви во Р.Македонија во споредба со останатите држави е тоа што кај нас 60% било субвенционирано од страна на владата. За разлика од другите програми како што се ИПАРД , Националната програма и програмата Млад земјоделец, каде што земјоделецот и со одобрување на технички проект 100% треба да напарави инвестиција, а потоа да чека повраток од 50 до 75%, во земјоделското осигурување земјоделецот бил должен да плати само 40% а остатокот од 60% од вредноста на осигурителната полиса , осигурителната компанија го барала од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој. Ова им беше пренесено преку пример на заинтересираните земјоделци од Новаци Могила и Битола на трибината насловена „ Осигурување во земјоделството“

tribina

Трибината ја организираше Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа година наспроти 2014 бил зголемен интересот на земјоделците за осигурување на своите површини за околу 100 до 150 %. Само во општина Ресен оваа година биле поднесени 1100 апликации за осигурување за разлика од минатата година кога имало 150 апликации.

Без коментари

LEAVE A REPLY